Петар Печков
Објавено: четврток, 14 декември 2006
Велешани деновиве со страв ги поминуваат железничките премини во градот откако поради кражбите на кабли сигурносните рампи во Велес не работеа дваесетина дена. Повисоките цени на бакарот во откупните центри ги натераа крадците безмилосно да ги сечат каблите. Поради тоа не функционира сигнализацијата меѓу премините и граѓаните се несигурни кога ја минуваат пругата Велес-Гевгелија бидејќи не знаат дали и кога може да наиде железничката композиција. Како превентива, сите возови низ Велес минуваат со вклучена сирена и со најмала можна брзина, а пред секој премин сопираат.
- Пругата минува низ центарот на градот, а премините се многу лошо поставени бидејќи сите се со мала видливост. Возот го забележувам во последен момент бидејќи се е во кривина. Искрено стравувам да не се случи некоја несреќа па да биде доцна - вели постар велешанец.
Сите три премини се фреквентни: едниот го користат учениците од блиското средно училиште, другиот е приод кон детската градинка, а третиот и најкористен е најблискиот пат по кој велешани одат на градскиот пазар. Најлошо е кога ќе се слушне сирената на возот што доаѓа и може човек да се стаписа среде пруга - коментираат граѓаните.
- Поради кражбите, има застој и на домашниот и на меѓународниот железнички сообраќај, што и\' носи директни и индиректни штети на МЖ. Украдениот кабел, кој е скап, го заменуваме, но поради бавното возење на композициите тие доцнат и се плаќаат казни - вели Горан Наумов од велешката Железничка станица.
Во минатиот месец биле регистрирани 13 кражби на кабел, па рампите во градот не работеа дваесетина дена. Вработените во МЖ не можат толку брзо да го заменат кабелот колку што крадците често го сечат. Кражбите се случуваат ноќе и тоа во централното градско подрачје.
Зголемениот број на кражби во изминатиот месец се толкува со порастот на цената на бакарот во откупните центри. Во 13-те кражби украден е околу еден километар кабел, а најголемата кражба се случи во минатиот викенд, кога беа исечени 150 метри кабел. Иако и СВР Велес и МЖ испратиле предупредување до сопствениците да не го откупуваат кабелот, тоа во практика не се случува.
Велешката полиција ги открила сторителите на 11 кражби и против нив поднела кривични пријави за тешки кражби на јавни инсталации и загрозување на безбедноста во сообраќајот. Сега на велешани не им останува ништо друго туку да гледаат дали рампите работат и да бидат внимателни кога ги минуваат премините, за да се избегнат несреќите.

Tweet |