Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 ноември 2019
Силвана Мудроња победи на годинешново издание не Етно вешта жена за Велес, кое се одржа викендов. На манифестацијата, која годинава се одржува по 14-ти пат учествуваа шест жени од Велес.
Тие подготвија локални етно старински специјалитети ,со сезонски продукти. Истите беа претставени пред гостинките на вечерта, а подоцна и понудени и продадени на наддавање.
При тоа беа собрани средства, кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Дел од средствата за новогодишна забава за децата со посебни потреби. Дел за учениците од Св. Кирил и Методиј, кои учествуваа на манифестацијата а со останатите деца од другите градови ќе патуваат на завршната ,,Етно вешта жена,,.
Tweet |