речник контакт

Силниот ветер во општина Лозово, предизвика штети по имотот на граѓаните (фото)

Уништени кровови, пластеници, села повеќе часови без струја,

Петар Печков

Силен ветер предизвика сериозни  штети по имотот  во општина Лозово, при што беа блокирани патиштата до околните села. Невремето ја зафати општината синоќа околу 18ч. кога  дувал силен ветер, а паднатите дрва оштетиле неколку објекти. Неколку часа заради паднати дрва и големи наноси во прекин беше делницата Лозово -Милино,

Механизацијата на комуналното претпријатие била  на терен и во ноќните часови  обезбедила непречен сообраќај по локалните патишта. Оштетен бил  пластеник со раноградинарски култури во селото Аџиматово, срушен  кров на куќа во Сарамзалино.

Поради преплетени жици на електро-мрежата синоќа делови од Општина Лозово селата Милино, Сарамзалино, Аџиматово и Дорфулија еден или неколку часа биле без струја.

Градоначалникот на Општина Лозово Бошко Цветковски најави дека комисијата за утврдување на штети деновиве ќе изврши процена на штетите. Обесштетувањето ќе се врши согласно можностите на општинскиот буџет.

Не се регистрирани штети по полјоделските или рано-градинарските култури.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »