Петар Печков
Објавено: четврток, 01 јули 2021
Жителите од селата на регионот на Азот, реагираат оти изминативе денови во два наврати, повеќе од 50 часа, биле без електрична струја. Велат дека животот сопрел а посебно што преку викенд бројни мештани се враќаат во родниот крај и не мало разочарување доживеале кога два пати по едно деноноќие биле во мрак.
„Има голем револт кај жителите на Богомила и околината. Во два наврати снема струја, од 25 јуни од 13 ч до 26-ми јуни до 15ч и од 29 јуни од 7 ч до вчера 30-ти јуни до 11 ч. немаше електрична енергија, вкупно 54 часа. Како ги минавме тие два дена ние и нашите деца знаеме. Дете се плаши во мрак а таму беше се во темница, само месечината навечер осветлуваше“ - велат жилетите на Богомила.
ОД ЕВН објаснуваат дека причината било големото невреме кое ја оштетило мрежата.
„Силното невреме кое се случи на 25 јуни предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија на жителите на Азот. На терен, екипите на Електродистрибуција се соочија со број паднати столбови и оштетени кабли. Беа вложени максимални напори за стабилизирање на снабдувањето, меѓутоа поради обемот и комплексноста на дефектот, санацијата одзеде повеќе време од вообичаеното. Снабдувањето се нормализираше саботата на пладне во 12:30 часот. За жал ова невреме сериозно оштети доводен кабел заради што овие жители повторно во вторникот останаа без електрична енергија. Вчера веќе снабдувањето со електрична енергија е нормализирано за корисниците на овој регион“ - кажа Вјоса Селими, портпарол на ЕВМ Македонија.
Tweet |