Петар Печков
Објавено: недела, 13 септември 2026
Започна првенството во Третата лига Југ, силовит почеток за екипата на ФК Борец. Во првото коло на домашен терен, на Градски со убедливи 7:0 (2:0) славеше над екипата на ФК Млекар од Прилеп. Пеце Стојанов и Милан Чичевски постигнаа хет трик, по три гола а еден Албин Јашари.Три гола велешани постигнаа во последните 7 минути од натпреварот. ФК Превалец кој неколку години е вицепрвак во оваа конкуренција започна со лош резултат, висок пораз во Прилеп од ФК Победа со 0:6. Загуби и третиот претставник на ОФС Велес во оваа конкуренција, ФК Башкими од Горно Јаболчиште со 0:2 во Големо Коњари од истиомената екипа.
Во следното второ коло, ФК Борец гостува во Крушево кај ФК Питу Гули, ФК Превалец игра дома со ФК Ултрас (Прилеп) а ФК Башкими во Чашка ја пречекува прилепска Победа.
| Tweet |




