Петар Печков
Објавено: четврток, 18 април 2024
Еден ден нашите деца ќе не прашаат каде бевте, кога Македонија исчезнуваше, дел по дел. И кога годинава треба да положиме сметка што се случило изминатите години после АСНОМ, мнозина ќе се срамат, кажа Гордана Силјановска Дафкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Велес. Таа го прозва противкандидатот Пендаровски дека иако имал можност само два пати ставил вето на донесени закони.
„Ветото не е украс, ветото е демократски документ за спречување на донесувањето на неуставни закони. Колку пати Пендаровски го употреби ветото, еднаш се одважи и еднаш по сугестија на ЕУ. Ама кога требаше да стави веднаш вето, затоа го потпиша законот кој не би го потпишал ниту еден одговрен претседател а камоли правник и професор. Тоа е Законот за измените на Кривичниот закон, кој е срам на нашата демократија“ – кажа Силјановска Дафкова.
За носителот на листата од Изборната единица 3, Драган Ковачки излезот од лошата состојба била во промени, за да престанат националните понижувања и пљачкања на народот.
„Изминатите сеудм години наместо да живееме, седум години преживувавме. Наемсто да ја водат државата напред, Владата на ДУИ и измеќарите од СДС, секојднево приготуваа нови скандали, наместо да имаме богати граѓани, имавме богати министри, на кои богатството секојдневно им се окрупнува“ – порача Ковачки.
На маса сме со НАТО, а Македонија е со највисока инфлација во Европа, со најголема бројка на невработени, рекордни сме по индексот на мизерија, според Економист сме хибириден режим. Нема такви на масата на НАТО кои крадат 47 милиони евра од тендерот во РЕК Битола, голобради момчиња купуваат трговски центри како Соравија, функционери на власта делат шамари во контролата за летање, кажа лидерот на партијата Христијан Мицковски.
„Не донесоа правда, криминалот е насекаде. Го заробија судството и обвинителството, за да не може никој од власта да одговара. Таму пак ДУИ преку стотина души владее со цела Македонија. Ковачевски на тацна му ја подари Македонија на Ахмети. Во земајва главни се Артан, Талат, Али, СДСМ купува мир и се одржуваат на власт, со мирно и задоволно ДУИ. Не убедуваат по проемната на името, знамето дека и ова со Бугарскиот диктат мора да помине. Ова не е план туку капитулација на Македонија“ – порача Мицковски.
Tweet |