речник контакт

Силјановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во прв круг, на 8 мај меѓусебно ќе решаваат за претседател на Македонија

Како гласаа гласачите во Велес, Градско, Лозово и Чашка

Петар Печков

Неофицијалните податоци на Државната изборна комисија покажуваат дека во вториот круг за претседател на Македонија,  одат кандидатите Гордан Силјановска Дафкова и Стево Пендаровски.

Кандидатката на колацијата на ВМРО-ДПМНЕ има 40,08% гласови 362.682 додека Пендаровски кандидатот на СДСМ 19,93% или 180.306. Потоа следат Бујар Османи кандидат на ДУИ  со 120.903 или 13,36% освоени гласови, па Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ, со 9,26% -83.787 освоени гласа, Арбен Таравари на коалицијата ВРЕДИ има 9,21% со 83.356 гласa.  Билјана Ванковска Цветковска кандидатот на Левица има 41.172 гласа или  4,55%.  За Стевчо Јакимовски  гласале  8.103  граѓани што е  0,90%. Овие податоци се за 99%  пребројани избирачки места во Македонија. Излезноста била 49,95% или гласале 904.892 гласачи од нив 24.549 гласале со неважечко ливче. 

За општина Велес за сите 84 избирачки места состојбата е следна: Гордана Сиљановска Давкова 12.450  гласа или  51,88%,  Стево Пендаровски 5.073  гласа што е  21,14%,  Билјана Ванковска Цветковска 2.525 - 10,52%, Максим Димитриевски 2.085 или 8,69% гласови,  Бујар Османи 944 - 3,93% гласа,  Арбен Таравари 172 што е  0,72% гласови. Стевчо Јакимовски  кандидат на ГРОМ 158гласа - 0,66% За претседателските избори во Општина Велес запишани беа  44.858 гласачи. Излезеноста била 53,52% или гласал 24.701 гласач од нив 605 дале неважечко ливче.

За општина Градско  за сите 84 избирачки места состојбата е следна: Гордана Сиљановска Давкова 1.137 гласа или 64,68%, Стево Пендаровски 421 гласа што е   23,95%,  Максим Димитриевски 71 или  4,04%,  Билјана Ванковска Цветковска 53 -  3,01%,  Бујар Османи  24  1,37% гласа,  Арбен Таравари 9 гласа – 0,51% и Стевче Јакимовски од ГРОМ има  8 гласа или  0,46%гласови.   За претседателските избори во Општина Градско  запишани беа  3.026  гласачи. Излезеноста била 58,1% или 1.758 гласачи, од нив 35 дале неважешко ливче.

За општина Лозово   за сите 9 избирачки места состојбата е следна: Гордана Сиљановска Давкова 619 гласа што е  53,09%, Стево Пендаровски 245 гласа или  21,01%, Максим   Димитриевски 175 или  15,01%  гласови,  Билјана Ванковска Цветковска 62 - 5,32%, Бујар Османи  18- 1,54% гласа,  Стевче Јакимовски од ГРОМ има  4 гласа - 0,34% и  Арбен Таравари 2 гласа – 0,17% и За претседателските избори во Општина Градско  запишани беа  1.918 гласачи. Излезеноста била 60,79% или 1.166 гласач а 41 пуштил неважечко лливче.

За општина Чашка    за сите 30 избирачки места состојбата е следна: Гордана Сиљановска Давкова 1.122 гласа или 32,62%, Бујар Османи има  1.087 гласа што е 31,60%,   Стево Пендаровски има  805  гласа или   23,40%,  Арбен Таравари со 211 или  6,13%  галсови, Максим   Димитриевски 102 2,97% гласови,  Билјана Ванковска Цветковска 70 -  2,03%, Стевче Јакимовски од ГРОМ има  7 гласа - 0,20 %. % и За претседателските избори во Општина Чашка  запишани беа  6.082 гласачи. Излезеноста била 56,56% или гласале 3.440 гласачи а 36 пуштиле неважешко ливче.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »