речник контакт

Симулирано судење, проект на учениците од Гимназијата (фото)

Со ова ја заокружуваме учебната година, покрај што теоретски го учевме материјалот, учениците можеа да видат како се одвива еден случај во пракса -рече професорката Петровски

Петар Печков

Во Основен суд Велс, денес се одржа симулирано судење, на предмет од кривичната материја, кое го спроведоа учениците од велешката Гимназија „Кочо Рацин“, кои посетуваат настава по предметот право.  

Симулација на судењето беше  на обвинет  за три кривични дело,  трговија со луѓе, посредување за вршење проституција, овозможување на просторија за користење наркотични средства.

Матеа Несторова ученичка од   трета година беше  јавен обвинител, која ги застапуваше правата на оштетените пред судијата.

„Овој процес не е едноставен, но кога се работи со многу љубов,  подготовката оди ефикасно. Ни требаа 15-тина дена за се подготвиме“.

Марко Ингилизов беше  бранител на обвинетиот.

„Подготовките на траеја долго, одбрана се темели на вистината како се одвиваа настаните и ќе ги претставиме заедно со обвинетиот фактите и  околностите  и ќе го побиеме обвинителниот кат. Ова е огромно искуство, просечни адвокатите са градат во амфитеатар а врвните во судница“.

„Со ова ја заокружуваме учебната година,  покрај што теоретски го учевме материјалот, учениците можеа да видат како се одвива еден случај во пракса. Кратко време се подготвуваа, но за нив ќе значи многу“ кажа  Милка Петровски професорка по право во Гимназијата.

Габриела Гајдова судијката која го водеше судењето, со пофални зборови за учениците

„Учениците беа солидни, беше автентично судењето, на моменти не можеше да се препознае дали е  симулација или реално.  Се надевам дека ова за гимназијалците, нема да биде исклучок, туку пракса“- рече Гајдова.

Сите учесници  од страна добија сертификат а  претседателката Лидија Димова на учениците учесници им порача „бидете подобри од нас“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »