Петар Печков
Објавено: среда, 02 февруари 2022
Вчера вечер автомобил излетал од автопат, завршил во шанец. Возачот се здобил со лесни повреди но бил префален во велешка Болница. Сообраќајниот инцидент се случил на автопат делница Велес- Скопје, кај Пуста Кула, околу 19,30 ч.
„Добиен е повик за превртена кола во шанец. Повредено е машко лице родено 1990-та година. истото се здобило со лесни телесни повреди, на глава, огреботни и во свесна состојба, мал крвен подлив на чело. Дадена е неопходна здавена помош и транспортиран на хирургија“ - кажа д-р- Василка Пановска, началник на Итната помош во Велес.
Од велешка Болница потврдија дека пациентот имал лесни телесни повреди, контузија ан глава и бил пуштен на домашно лекување.
фото архива илустрација
Tweet |