Петар Печков
Објавено: петок, 20 септември 2019
Вчеравечер патничкиот воз кој сообраќа од Гевгелија за Скопје, удрил по мигрант кој се движел по пругата. Лицето почнало на лице место. Неговиот сопатник минал без повреди и е пренесен во Прифатен центар.
Четвртокот 19-то септември во 18.40 часот, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, во близина на село Ногаевци, удрил во едно лице кое починало на местото. По преземени мерки и пронајдени документи било утврдено дека станува збор за А.И.(23) од Пакистан. Со него бил и Р.М.(30) од Пакистан, кој бил предаден на полициски службеници и бил во Прифатниот центар за странци - Гази Баба во Скопје -информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Поради инцидентот, железничкиот сообраќај од Велес за Гевгелија и обратно беше во прекин 3,5 час.
На 19-ти јуни годинава, мигрант исто така од Пакистан загина по струен удар, кога се качил на товарниот вагон, на железничка станица Миравци, на воз кој патувал за Велес.
Tweet |