Петар Печков
Објавено: петок, 13 септември 2024
Проблемите кои децата ги имаат со видот на рана, предучилишна возраст се рефрактивните аномалии, кога окото не го фокусира предметот и видот е замаглен.
Тоа е присутно кај 5 до 10 отсто кај децата од Велес и велешко, кои тргнаа на училиште а се откриени при задолжителните систематски прегледи извршени летово кај офтамолог.
„Од 700 деца од Велес, Градско и Чашка кои беа прегледани, кај 5 до 10 отсто има рефракциони аномалии. Тоа се кратковидост, далекувидост и астигматизмот кој е поредок, но се јавува кај детската популација. Така е и изминатите години, кога ги извршувавме овие систематски прегледи“ – кажа сци д-р Тодор Јаковлески офтамолог при ЈЗУ Општа болница Велес.
Прегледите опфаќаат комјутерско мерење на диоптрија, преглед на очно дно и снеленова табела. Современиот начин на живеење, елеткронските уреди, мобилните телефони, комјутерите, лап топите, таблетите, седењето пред нив, предизвикува рефракциони аномалии на видот.
„Во современиот начин на живеење имаме доста електронски уреди, начинот на живот кај децата е седечки. Затоа овие рани сисематски прегледи кај офтамолог помагаат да се констатира дека детето има проблем со видот, да се одреди диоптрија и да носат наочари, според динамиката која ќе се одреди“ – вели д-р Јаковлески.
Докторот со препорака до родителите, децата што помалку да ги користат електронските уреди и да се одвојат од екраните преку спорт, забава, игра.
„Се појавува замор на очна мускулатура, гледањето во син екран негативно влијае на видот на детето, може да се јави очен дисконфорт. Ограничувања мора да постојат, не може децата по цел ден да бидат пред екраните, бидејќи и на училиште се пред компјутери. Гледањето од близина во учебници исто така ги заморува очните мускули. Забавата на децата да не биде пред телефон, туку преку физичка активност или кратко кажано, да се одвојат од екраните“ – објaснува д-р Јаковлевски.
Со овие систематски прегледи на рана возраст, кај децата на 5-6 години можно е да се открие амблиопија т.н. мрзливо око. Тоа е една од придобивките на овие рани систематски прегледи кај офтамолог, бидејќи на подоцнежна возраст, на 10-12 години, таа не може да се корегира ниту со наочари.
Tweet |