речник контакт

Системот изминатите години создаде граѓаните да си заминуваат поради потценување

Што велешките бизнисмени побараа од Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и потпретседател на СДСМ

Петар Печков

По вчерашниот престој и средби со граѓаните и бизнисмените во Велес и велешко,  Оливер Спасовски, заменик на претседателот на  Владата и потпретседател на СДСМ одговараше на новинарските прашање. Еве дел од нив.     

    Противниците на референдумот имаат визија за Македонија во Евро-Азиска  економска унија. Какви  се Вашите видувања на ова?

Не сум  слушнал за алтернатива за НАТО и ЕУ од противниците на референдумот. Многу е  широк поимот Евро - Азиско здружување. Кој е тој сојуз, што ќе добие Македонија со него, што ќе гарантира? Има многу прашања а нема одговор. Македонија како и сите држави од регионот не сакаат несигурност, не сакаат влегување во авантури. Сакаат силен, докажан систем кој ќе ни ја гарантира безбедноста, а тоа е НАТО. Тоа е наша определба уште од формирањето на самостојна Македонија.  Заедно со ЕУ што е гаранција за нашата иднина.

        Во Велес се чувствува недостиг на одредени профили работна рака. Дури и големите фирми Маркард и Дрекселмаер признаваат дека има флуктуација. Дали со отворањето на границите кон ЕУ и НАТО во Македонија уште повеќе ќе се намали бројот на лица кои бараат или работат? Или луѓето ќе заминуваат, ако што е случајот со Бугарија, Романија?

Тоа се два проблеми. Точно е дека луѓе заминале од Македонија. Второто е дека голем број луѓе во земјава сметат дека достојна работа е само во јавниот сектор, не во приватниот.  Мора да се промени свеста а за тоа е потребна помош од бизнис заедницата. Потребни се мотивирани работници, кој ќе сметаат дека приватниот сектор е тој ги задоволува потребите на работниците . Од искуството од земјите во регионот, еве од Хрватска, дали жителите се иселуваат, факт е дека 23% од младите луѓе пред влезот во ЕУ  наоѓале работа и останувале во Хрватска.  Сега состојбата е променета, 43% млади остануваат во Хрватска. Тоа значи дека бараат систем кој функционира, бараат систем во кој се образувале и ќе најдат работа и ќе се ценат вредносните. Таков систем изминати 10 години во Македонија создаде граѓаните поради потценувањата што ги доживуваа во сопствената држава, да се иселуваат.

       Имавте средба со бизнисмените од Велес. Што тие пофалија, што критикуваа? 

Имавме отворен разговор. Пофалија многу нови економски политики  кои ги понуди оваа Влада. Пред се помошта во изедначувањето на домашните и странските инвестиции, на домашниот со странскиот бизнис. Познато ви е дека странските инвеститори имаа огромни бенефиции. Сугерираа да го реализираме ветувањето за намалувањето на казнената политика и таа да биде во согласно со големината на фирмите, капацитетот. Тоа е следен чекор на Владата, намалување на казните  на пола со прво предупредување па после казнување.  Разговаравме и за сообраќајот во Велес, виза ви развојот на бизнисот.  

        Во телевизиска дебата, од страна на опозиционен соговорник  бевте споменати дека имате аспирации да заземете лидерска позиција  во СДСМ. Ваш коментар?

СДСМ има лидер,  и тоа храбар, одлучен кој  знае каде ја води Република Македонија. И немаме размислувања за промена на сопствениот лидер. Но би ја прашал опозицијата, дали тие размислуваат за промена на нивниот лидер, да најдат човек  кој има став и визија.   Со вакви провокации, производ на лажните вести од Велес, не ме вознемируваат. Знаеме зошто Македонија сака да оди напред, наспроти господата кои не знаат каде тераат и зошто таму одат. 

        Дали последната година се намалува бројот на  граѓани на  Република Македонија, кои земат државјанство од соседна Бугарија?

Имаме согледување. Земањето на други пасоши ќе зависи од влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Имаме тренд на враќање на  државјанство од лица кои зеле друго државјанство пак во македонско. 

       За  признавањето на возачките дозволи во Германија. Кога ќе се случи?

Ова е 20 годишен проблем за кој  Македонија и Германија преговараат. За мене е сатисфакција што јас успеав со оваа Влада да го постигнеме тој договор. Очекувам дека ќе се потпише околу 20 септември. 

        Во јули 2016-та тогашниот министер за внатрешни работи  Чавков кажа дека во акцијата ,,Којот,, во Велес беа уапсени полицајци, помошник командир. Подоцна за акција информации бараше и Полицискиот синдикат, но малку од тоа што истрагата покажа излезе во јавноста. Дури и дека при грабежот на парите на Стопанска банка учествувал и полицаец. Сторителите за ова дело веќе се во затвор, но нема информации кој бил полицаецот што им дојавувал.  Имате информации за акцијата ,,Којот,,?

Имаше многу такви акции чија цел беше правење на ПР. Арамите викаа држете го крадецот. Минато се таквите акции, сакаме да се зафатиме со  реално решавање и спротивставување со криминалот. Такви беа и Змиско око и други,  кои завршуваа со пресуди кои не беа соодветни со тоа што беше презентирано во јавноста, претходно од полицијата. Не е  нормално да се местат луѓе кои не ги направиле делата, да одат во затвор. Такви акции беа одлика на едно минато време, работиме на нови стандарди.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »