речник контакт

Сите избегаа од часот по историја во Горно Врановци

Петте спомен куќи од НОВ, лоцирани во велешкото село Горно Врановци го чуваат споменот на времето на Втората Светска војна, кога се создаваше македонската држава, но малкумина гости го посетуваат изворот на историјата.

Петар Печков

Ова село е село музеј, кое може да се пофали со исклучително вредни споменици,  каде во еден период од НОВ, во 1944 година, била сместена извршната власт: Главниот штаб на НОВ, Централниот комитет, ОЗНА, Президумот на  АСНОМ и печатницата на "Нова Македонија", од тука Радио Скопје започнало да ја емитува сопствената програма а во селската џамија била сместена Болницата. Тоа е историјата со која селаните и денес се гордеат, но тажно е што посетители во музеите скоро и да нема.

Последните пет шест години имаме ретки гости, наеднаш како да секна нивното доаѓање. Мислам дека тоа е поврзано со затварањето на Хотелот во селото. Додека тој работеше, сите посетители ќе седнеа таму да се одморат, да здивнат вака сега, нема ни гости ни посетители на петте спомен музеи – вели Осман Бајазитов чувар на музеите. 

Тој и неговиот колега Џевдет, двајцата ангажирани од Народниот музеј во Велес, се постојано подготвени да ги отклучат   за`рѓаните  катанци  од куќите,  на евентуалните туристи и се сеќаваат дека тука доаѓале гости и од некогашна Југославија, сега ги нема ни македонските. Двесте жители на Горно Врановци со гордост се сеќаваат посебно во пролет и есен, кога многу ученички екскурзии биле со крајна цел, посета на  селото. Единствените гости во последниот период се припадниците на АРМ, војници и старешини од велешката касарна Алексо Демниевски Бауман, кој тука го имаат задолжителниот час по историја.

  Посетата е дел од обуката на подофицерскиот кадар и тие можеа да видат каде се создаваше нашата држава. Така ги негуваме и традициите од НОВ. АРМ е секогаш присутна таму каде што се градела нашата држава. Војската континуирано доаѓа  во Горно Врановци, знаејќи го неговото значење во поновата наша историја – изјави Љупчо Стојков прв подофицер во  Центарот за индивидуална обука во касарната во Велес.  

Така тие можеа да ја  видат печатарска машина ,,бостонка,, на која е отпечатен првиот број на Нова Македонија, списанијата Млад Борец, Македонка, литографот со кој е печатен првиот број на Нова Македонија. Спомен куќите се во одлично состојба и сочувани.

Пред четири години ги обновивме музеите, има две лица од селото кои се грижат за нив. Така што  се што е до  нас Музејот, не ги оставаме да пропаднат или отидат во заборав, но можеби економската состојба, треба специјално да се оди само за нив во овој правец, придонесоа посетеноста да падне. За да заживее селото и се посетуваат куќите треба да се подобри  инфраструктурата, но и да се популаризира меѓу училиштата - вели  Марјан Клифов раководител и кустос на музеите во Горно Врановци.

Куќите се отворени на 11 октомври 1984-та година од тогашниот член на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов. И само неговото  име од некој политичар фигурира во книгите со впечатоци, така што можеби и тука лежи слабата посетеност, кога најзначајните луѓе во државата го заобиколуваат ова место, како за него да знаат обичните граѓани. Цената за билет е симболична, 20 денари за возрасни, 10 за деца и ученици и 50 за странци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »