Петар Печков
Објавено: вторник, 01 ноември 2022
Кај велешани владее голем интерес за бесплатната вакцинација за заштита од сезонски грип, додека за комерцијална е далеку помал. Двете вакцинации започнаа ист ден на 19 октомври. Со тоа што комерцијалната чини 800 денари.
„Секој ден има по 120 термини за пациентите, кои се пријавуваат преку „мој термин“. Повеќето од пријавните граѓани доаѓаат. Има голем интерес пополетни се сите термини заклучно до 11 ноември, до кога Министерството има отворено термини“ - кажа д-р Билјана Трајкова епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
Бесплатната вакцина е за лицата кои се хронично болни, граѓани над 65 години, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години и новинава годинава се здравствените работници.
И бесплатната и комерцијалната вакцина годинава се од ист производител. Тоа е четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот „Абот“ од Холандија.
„Интересот е слаб за комерцијална вакцина, бидејќи 90 отсто од здравствено ранливите категории се опфатени со бесплатната. Комерцијалната ја користат помлади лица“- дополни д-р Трајкова.
Годинава биле набавени 400 комерцијални вакцини за подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје Велес, тоа се у градовите Неготино, Кавадарци, Гевгелија и Свети Николе.
Tweet |