Петар Печков
Објавено: среда, 16 мај 2018
Се одигра 24-тото коло на Третата фудбалска лига Центар. Сите три велешки екипи победија, вклучувајќи го и Илинден од Башино село кому оваа му е прва, оти единствената досега беа три бода на ,,зелена маса,,.
Илинден од Башино село со 3:0 ја совлада екипата на Младост од Кривогаштани која е 11-та со шест победи и 22 бода. Бабуна на домашен терен со 5:2 го победи Напредок до Крушеане кој е 10-ти со 22 бода и шест победи. ФК Превалец славеше на гостувањето и ,,жешкиот ,, терен во прилепско Горно Коњари со 1:2 протви домаќинот кој е седми со 34 бода и 10 победи.
По ова коло ФК Бабуна е трета со 49 бода, пред ФК Превалец кој има 45 бода а Илинден од Башино село со 11 бода се качи едно место погоре на 13-тото и фенерот му го даде на тимот на ФК Габер.
Во претпоследното коло, в недела градско дерби ФК Превалец ја дочекува ФК Бабуна. ФК Илинден гостува во Крушево на ФК Питу Гули кој е шести со 13 победи и 42 бода.
Tweet |