речник контакт

Сите училишта од Велес се пријавиле за користење субвенционирана електрична енергија

Градинката „Димче Мирчев“ е на регулираниот пазар за електрична енергија

Петар Печков

Сите основни и средни училишта во Велес поднеле пријави на повикот на ЕСМ за користење на субвенционирана електрична енергија и од почетокот на месецов ја користат оваа бенефиција. Оваа информација  е одговор  од локалната власт, на поставеното прашање на ТрМр, дали и колку велешки основни и средни училишта се пријавиле за користење на поевтина електрична енергија, можност која им ја даде Владата. Тие ќе плаќаат по 95 евра за мегават час, наспроти пазарната цена од 400 евра.  Градинката „Димче Мирчев“ е на регулираниот пазар за електрична енергија.

Општина Велес пак со нејзин проект започна да поставува фотопанели на крововите од зградите на училиштата во Велес.  Засега се поставени на ОУ Блаже Конески, ОУ Васил Главинов, на Гимназијата и Хемиска, Коле Неделковски. Најавено е дека сите школи  ќе добијат фотопанели.   

Од Владата соопштија дека донеле одлука, на регулиран пазар да бидат и основните и средни училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес била на самите општини.

Исто така донесена е  одлука со која сите јавни и здравствени установи да бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската. Овие погодности важат од 1 декември. Дел од училишта во земјава оваа можност не ја искористија, па им беше даде дополнителен рок кој заврши вчера.

Од 474 училишта во државата, 309 се пријавиле да се снабдуваат со поевтина струја од 1 декември. ЕСМ го продолжи рокот за пријавување до 20 декември за оние кои сакаат да ја искористат оваа можност, и  на регулираниот пазар ќе се приклучат од следниот месец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »