Петар Печков
Објавено: петок, 22 јули 2016
Базените кои ги користат велешани во лето за освежување се со исправна и безбедна вода. Ова се податоците кои ги презентираа од надлежната институција која го следи квалитетот на водите. И водите на езеро Младост се безбедни, како и течението на реките Бабуна и Тополка во поголемиот дел од нивните текови.
Водата од Базен Снупи, Хотел Романтик, Хотел Монтенегро и Хотел Гарденија се испитуваат како тие стануваат активни, откако се отвораат за гостите за капење. Динамика на испитување е секоја седмица.
Препораката на ЈЗУ Центар за Јавно здравје е дека базените во Велес можат да се користат за капење, водата е исправна и е безбедна. Бабуна од Градска плажа и нагоре е безбедна. Тополка од населба Превалец и нагоре по течението е исто така исправна. Овие две реки може имаат повисока процент на матност и сатурација, но тоа не влијае на исправноста на водата. Вардар со децении не бил ниту е во функција да се користи за капење, тој е категоризиран во трета класа – изјави д-р Снежана Петрова специјалист по хигиена од Регионалниот ЈЗУ Центар за Јавно здравје од Велес.
Таа посочи дека водите од езеро Младост кои се испитуваат од три места, Градска плажа –близу Хотел Панини, плажа пред Хотел Романтик и на вливот од Отовичка река се исправни за капење. Вообичаената пракса од минатите години, локалната власт да информира која вода е забранета, годинава ја нема.
Надлежните не доставиле до нас никаква информација, по која треба да постапиме. Ако се случи тоа и ќе го сториме – изјави градоначалникот Чадиев.
Надлежен да забрани води за капење е Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Поради високиот степен на загаденост претходните години реката Вардар освен за капење се забрануваше и за напојување на стока и полевање на обработлива површина.
Tweet |