Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 август 2022
Сите што аплицираа за субвенции за велосипед, сите ќе добијат средства а ги исполнуваа условите. Оваа информација ја објавија од Општина Велес, откако пребројале колку пријави има и колкав беше Буџетот наменет за оваа ставка.
ТрМр претходно објави дека на јавниот повик за субвенционирање на велосипеди се јавиле 28 граѓани а преведени средства се 150 илјади денари. Или за субвенционирање за набавка на велосипеди, ќе бидат потрошени 84 илјади денари од Општинскиот Буџет.
„По завршувањето на јавниот повик и спроведување на административните процедури од страна на комисијата, градоначалникот Марко Колев го потпиша решението за одобрување на барањата за субвенции на физички лица за купен велосипед. Сите пристигнати барања за овој повик се во рамките на предвидениот буџет, поради што одобрени се барањата на сите лица кои ги исполнија условите“ - информираа од локалната власт.
Во текот на оваа седмица ќе биде закажано јавно извлекување за доделување на субвенциите за купен сончев колектор и инвертор клима.
За потсетување за субвенционирање на инвертор клима уреди аплицирале 108 граѓани, за сончеви колектори 59. За овие две ставки предвидени се по 500 илјади денари за распределба.
Кој доби средства за субвенционирање при набавка на велосипеди
Tweet |