Петар Печков
Објавено: четврток, 25 јули 2024
Изненадувачка слика, на опожарената површина на Долги рид, во околината на патот Велес - Чашка. Таму беа присутни десетици штркови, дојдени од повеќе села на Општина Чашка, нејзини редовни жители преку лето.
И сите тие го пребаруваа опожарениот дел или пак околината која беше останата недопрена. Чудна и неверојатна слика, за неупатените. Одговорот го даде шумочуварот Љубе Митковски.
„Го пребаруваат теренот за храна. Бараат изумрени животники од огнот, змии, скачки, гуштери или пак од овие кои побегнале или преживеале“ – објасни Љубе.
Tweet |