речник контакт

Сквернавење на гробиштата во Велес

Велешката полиција го откри ограбувачот на гробиштата на црквата Св.Спас, настан кој се случи на христијанскиот празник Прочка.

Петар Печков

Велешката полиција го откри ограбувачот на гробиштата на црквата Св.Спас, настан кој се случи на христијанскиот празник Прочка.

А.З. ( 28 год) од Велес од 16-ти до 18-ти февруари годинава во повеЌе наврати украл и уништил имот од 12 гробни парцели. Тој од исто толку гробишта ја однел металната ограда, настрешниците, фенерите и се што било од метал, при што ги демолирал истите.

Тоа го работел во вечерните часови и откако украл поголемо количество на метал, истото се обидел да го продаде во откупните пунктови, каде бил откриен од полицијата.

За оваа негова кражба, при што е направена материјална штета од 60 илјади денари тој доби кривична пријава за сквернавење на гробишта.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »