Петар Печков
Објавено: четврток, 16 декември 2021
Скромен е одѕивот на велешани изминатите седум дена,заклучно до 12 декември, за вакцинација со ковид-19. Опфатот пораснал за само 0,4 отсто, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје.
За периодот 06.12 - 12.12 има вкупно 48,6% или незначително зголемување, споредено со пред седум дена. Ова е за возраст над 12 години, опфат кој се воведе од почетокот на месец ноември.
Во статистички показатели на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од оваа недела во категоријата +18, има одѕив од 52,7%. Има и уште една категорија, за сите возрасти или вкупна популација и тука процентот во велешко е 42,2 отсто.
Најмногу вакцинирани според сите три возрасни категории има во Неготино, Кавадарци, Охрид, Гевгелија, потоа следат Ресен, Берово, Битола, Валандово, Штип, Пехчево, Пробиштип, Крушево...
На ниво на Македонија, опфатот за сите возрасти е 39,4 , за 12 години и повеќе е 45,1 и +18 изнесува 48,9 отсто.
Tweet |