Петар Печков
Објавено: петок, 13 септември 2013
РК Металург од Скопје на неговата веб страница ја објави информацијата дека своите натпревари од СЕХА Гаспром лигата ќе ги игра во Велес.
Првиот натпревар Скопјани во Велес ќе го играат на 5-ти октомври против хрватски Нексе од Осиек во 17,30 часот, додека седум дена подоцна ќе игра против белградски Партизан на 12-ти октомври исто така во 17,30 часот.
Големото дерби против Кроација Осигурање која требаше да се игра на 21 септември е одложено за 7 декември, повторно со почеток во 17.,30 часот.Причина е настапот и на двете екипи во Лигата на шампионите.
Термините за останатите средби кои до крајот на годинава ќе се играат во салата Гемиџии во Велес се 26 октомври против Татран Прешов од Словачка и 23 ноември против Ловќен од Црна Гора.
Поради неисполнување на стандардите за оваа регионална лига, салта во Автокоманда каде игра Металург не доби зелено светло да биде домаќин на натпреварите. Засега нема информација дали и која ќе биде цената на билетите. Оваа информација сеуште ја нема потврдено раковдството на СЕХА Гаспром лигата.
Tweet |