речник контакт

Скопјанец доби условна казна за сообраќајка со еден починат кај Кадрифаково

Бидејќи жртва била мајка на возачот, судот му изрече алтернативна казна затвор

Петар Печков

Основниот суд во Свети Николе на скопјанецот Д.Д ( 53 год) му изрече условна затворска казна,  од 15 месеци затвор, која ќе се изврши ако во следените 12 месеци,  обвинетиот стори ново кривично дело.  Обвинетиот Д.Д го признал кривичното дело ,,тешки дела против безбедноста на луѓето,,  изразил жалење и каење. По ова бил прогласен за виновен а судот имал во предвид што починатата во сообраќајката С.Д (75 год)  му била мајка.

Во образложението на пресудата   пишува дека ,,  последиците од сообракјана незгода тешко го погодуваат обвинетиот, овој суд наоѓа дека истите претставуват особено олеснителни околности поради што овој суд најде дека спрема обвинетиот не е нужно заради кривичноправна заштита да се изрече казна и дека казнувањето може да се оствари со закана на казна (условна осуда) па со примена на чл.48 од КЗ му изрече алтернативна мерка условна осуда така што утврдената казна затвор во траење од 1 година нема да се извршува доколку обвинетиот во рок од една година не стори ново кр дело, верувајки дека и со истата ќе се постигне целта на казнувањето.

 

Сообраќајката се случи  на  12-ти мај лани околу 17,10 часот на магистралниот пат Велес - Штип, кај  село Кадрифаково.  Д.Д. од Скопје управувајќи автомобил  “Дачија Логан“ со скопски регистарски таблици изгубил контрола над истото и излетал од коловозот. Во незгодата сопатникот Д.С. мајка на возачот, се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во КЦ-Штип, каде околу 19,20 часот починала, а кај Д.Д биле констатирани тешки телесни повреди. Според обвинението Д.Д   со  возилото се движел со брзина од 112,65  км/час, која е поголема од брзината дозволената на овој дел од патот од  90 км/ч. 

При тоа изгубил контрола над управувањето на возилото, поминал на левата коловозна лента гледано во насока на неговото движење, со возилото испаднал надвор од патот и паднал во  каналот за атмосферска вода од левата страна. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »