Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 декември 2022
Неделата попладне се случила сообраќајна незгода, кога скопјанец излетал од автопат и се здобил со скршеници. СВР Велес со детали до инцидентот.
„На 18 декември околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автoпатот А1, во близина на наплатна станица Отовица, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(69год) од Скопје, излетало од коловозот“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВ Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес.
„Во попладневните часови донeсено е повредено лице. Дежурен доктор на хирургија по извршени компјутерски снимања констатирал повреда на граден кош и скршени ребра. Пружена е неопходна здравствена нега по што е препратен на торакална хирургија во Скопје“ - кажа д-р. Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.
Tweet |