Петар Печков
Објавено: вторник, 10 март 2026
Понеделникот наутро скопјанец, поранешен партнер, ја нападнал екс девојката и нејзиното момче. Употребил и електро шок. Двете лица побарале помош во болница. Деталите од информацијата на полицијата и болница. Настанот се случил во близина на Мегдан. Настанот силно ги вознемирил соседите, бидејќи во рацете на едниот напаѓач виделе и некој вид на оружје.
„На 9 март во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26 год) од Скопје - нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30 год) и Д.Б.(43 год), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода скопјаните Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
„Утрото во болница помош побарале две лица, кои биле нападнати со електро шокови. Имаат лесни телесни повредени, дадена им е неопходна здравствена нега и се пуштени на домашно лекување“ – кажа д-р Анамарија Џунџева, портпарол на Општа болница Велес.
| Tweet |




