речник контакт

Скопјанец ја сторил кражбата од гостилница „Боем“ на средствата кои се донираат за бесплатен оброк

Л.М. (20 год) од Скопје се сомничи дека е сторителот

Петар Печков

Велешката полиција го откри и уапси крадецот кој  ноќта на Прочка кон Чист Понеделник, украде пари од Гостилница „Боем“. Гостилницата освен што има свои редовни гости, има и хуманитарна мисија, кога со  сопствено учество и со донации, за различни пригоди помага на граѓаните од социјално ранливите категории, со бесплатен оброк. 

Преку снимка од видео камерата се гледа како крадецот ја носи кутијата со парични средства, кои се донации за оброк за лицата од социјален ризик.

„На 9-ти март  во 09.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.М.(20) од Скопје, со привремен престој во Велес. Тој се сомничи дека на 06/07.03.2022 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од угостителски објект во Велес одзел пари“- соопшти од Ристе Самарџиев портпарол а СВР Велес..

Л.М. бил  приведен по полициска станица во Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »