Петар Печков
Објавено: петок, 04 јуни 2021
СВР Велес по неколку дена конечно го одговори прашањето на ТРМР, поставено како информација од јавен карактер, за тоа дали има нов началник и кое е лицето кое е именуван, откако тоа веќе две седмици било на оваа позиција.
„Со решение на Министерот за внатрешни работи од 19.05.2021 година за Началник на СВР Велес е назначен Славчо Бојковски (54 год), дипломиран криминалист. Бојковски е вработен во МВР од 1991 година и досега работел на повеќе работни места. Завршил и повеќе обуки од областа на борбата против организираниот криминал и корупција. Пред да биде назначен за Началник на СВР Велес беше ангажиран како истражител во Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција“. - шишува во одговорот на СВР Велес.
Tweet |