речник контакт

Скопјанецот кој ги украде парите донација за гладните, нападнал старец дома и му украл пари

Л.М. (20 год) од Скопје е со времена престој во Велес

Петар Печков

Нова кражба сторил скопјанецот кој полицијата го осомничи дека ги украде парите од Гостилница Боем, кои беа наменети за подготвување храна за социјално ранливите категории од Велес. Новото дело го сторил откако нападнал старец и му украл пари, и тоа дома. МВР со информации за настанот.

„Саботата на  2-ри април,  во 10.10 часот во СВР Велес, Ѓ.П.(81) од Велес пријавил дека во неговиот дом во Велес од едно лице бил физички нападнат, при што му биле одземени пари, мобилен телефон и документи. Во врска со настанот од полициски службеници бил лишен од слобода Л.М.(20) од Скопје со привремен престој во Велес“ -соопштија до МВР.  

Л.М. бил задржан во полициска станица  за понатамошна постапка. Известен е и Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »