Петар Печков
Објавено: недела, 12 октомври 2014
Лиле Томова од Скопје победи на натпреварот за брзо јадење на пастрмалија. Неа и беа потребни цели 27,40 минути за да ја изеде питата.
Во конкуренција беа пет натпреварувачи, од нив двајца се откажаа веднаш по некоја минута. Останатите тројца без малку половина час ја густираа питата, но и добро за забавуваа на бината. За победничката Томова од спонзорот ОНЕ, имаше подарок мобилен телефон.
Да знаев дека има натпревар, немаше да јадам претходно пита. Вака малку ми дојде тешко, две пастрмалии за два часа се многу – рече Лиле.
Tweet |