Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јули 2024
Неделата попладне, во велешката полиција било пријавено дека во угостителски објект на езеро Младост, дошло до физичка пресметка, во која учествувале три жени и еден маж, при што бил употребен и спреј солзавец, кон дете.
„На 30 јуни во 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на езеро Младост, велешко, на тераса од угостителски објект, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 44-годишната Х.Л. и уште едно женско лице од една страна, и А.К.(60) и 38-годишната В.К.В., од друга страна, сите од Скопје. Според пријавеното, во пресметката од страна на женското лице бил употребен и спреј ‘солзавец’ кон А.К. и неговата малолетна ќерка“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
По комплетно расчистување и документирање на случајот, полицијата најави дека ќе поднесе соодветни пријави.
Tweet |