Петар Печков
Објавено: петок, 29 октомври 2021
Без малку илјада велешани оваа седмица се вакцинирале со трета доза за заштита од ковид-19. Порасна и бројот на лица кои примиле прва доза. Податоците за оваа седмица добиени од Здравствен дома Велес се: прва доза 125, втора доза 138 и трета доза 992.
Во овие бројки се и лицата кои биле вакцинирани во домашни услови, болни, неподвижни или лица со попречености - двајца со прва доза, тројца со втора доза и деветмина со трета доза.
Вакцинацијата за заштита од ковид-19 се извршува со „Фајзер прва и трета доза и втора со вакцината со која лицето било вакцинирано со прва. И следната седмица продолжува вакцинација во домашни услови а заинтересираните можат да се пријават преку Здравствен дом.
Останува дилемата дали зголемениот број на лица кои се вакцинирале со прва доза е поради тоа што oд 15-ти ноември се бара сертификат за две вакцини за влез во ресторани, кафетерии или пак епидемиолошката слика во велешко, кој е на трето место според бројот на активни случи во земјава.
Tweet |