речник контакт

Слаб интерес за упис на факултетите кои работат во Велес

Во првиот уписен рок примени само 25 студенти а имаше 230 слободни места. На 1-ви и 4-ти септември нова шанса за упис

Петар Печков

Од петок први септември и понеделник, четврти с септември, е вториот  уписен рок за студенти од прва година. На двата факултети кои работат во Велес има   205 слободни места. Во првиот уписен рок, во средината на август се пополнија само 25.  

На Факултетот за Информатика и компјутерска техника Битола,  дисперзирана настава  Велес  примени беа 18 редовни и 3 вонредни бруцоши. Има слободни места  за редовни 22 со плаќање од 100 евра,  20 редовни со кофинансирање од 100  евра и  10 вонредни со плаќање од 400 евра.

На  ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС беа примени 4 студенти, на нутриционизам 2 редовни и еден вонреден, а  на   прехранбена технологија и биотехнологија   еден редовен.

На прехранбена технологија и биотехнологија  остануваат   слободни 29 редовни со  200 евра за упис,  20 редовни со кофинансирање од 400  евра и 20 вонредни со плаќање на исто така 400  евра.  На нутриционизам има слободни 48  редовни со 200 евра за упис, 20 редовни со кофинансирање  на 400 евра и  19 вонредни со  400 за упис.

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД годинава не запишува  бруцоши.

Овие три факултети се дел  од Универзитет Св. Климент Охридски.  На 14 септември  е третиот уписен рок.

Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј најави дека годинава  нема  да има дисперизирани  настави. Во Велес имаше само Економскиот факултет, чии студенти наставата ја следеа во зградата на Економското училиште, само попладне. Претходно имаше и Правниот факултет, чии студенти настава следеа  во зградата на локалната власт.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »