Петар Печков
Објавено: сабота, 23 септември 2017
Новата црква Св. Кирил и Методиј во Велес, само пет дена по осветувањето, на 10-ти септември, на 15-ти септември, петок ги прими првите младенци.
Во неа својата осум годишна врска пред Бога ја крунисаа Славица дотогаш Алексова и Дејан Здравев. Првата венчавка се случи во 17ч. а кумови на младите им беа Билјана и Благој Јаковлеви.
За паметење на овој момент кој влегува во историја на храмот, од свештеникот Горан Панзов добија икона. По оваа венчавка, следеа и други на младите велешки брачни парови. Црквата веќе има договорено 30 други како и исто толку крштавки.
Благодарност до фото видео студио Пента за отстапните фотографии
Tweet |