речник контакт

Славчо Чадиев, во служба на граѓаните за подобар Велес

Славчо Чадиев кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија

Петар Печков

По седум години откако е претседавач на Советот на општина Велес, Славчо Чадиев ја бара поддршката од гласачите  за градоначалник на општина Велес. Тој  е магистер сурдолог, специјалист кој се бави со проблемите на слухот и говорот. Сопругата Весна Чадиева  е доктор по паталошка анатомија, и двајцата се е вработени во ЈЗУ Општа болница во Велес . Ќерката Билјана е доктор по општа медицина, а синот Александар е средношколец. Хоби на Чадиев e риболовот, а претходно се занимавал со карате бил и извидник.

Тој е  потпретседател на Сојузот на дефектолози на Македонија, долгогодишен соработник на Сојузот на глуви и наглуви на Република Македонија  како и на “Заводот за глуви лица - Kочо Рацин”од Битола.  Негова определба е да  биде во служба на граѓаните на Велес, иако тоа  значително влијае на неговото слободно време, но секогаш успева да најдам време за  семејството и за обврските поврзани околу него. Семејните обврски се нераскинлив дел од секојдневното живеење и се  негов огромен приоритет. Без приговори прифаќа било какви семејни задолженија и без оглед на професионални обврски секогаш наоѓа време за семејството. Не го поддржува пушењето и не е љубител на цигарите, и ниту тој ниту некој во неговото  семејство е пушач. Вози Пежо 1007 кое го добил на наградна игра, а живее во куќа во близина на Солено Чешмиче, и родната куќа на Кочо Солев Рацин.

Зошто се решивте  да се кандидирате за градоначалник на Велес?

Да се биде кандидат за градоначалник на Велес, претставува огромна чест, привилегија и одговорност. Мојата мотивација не е лична кариера, туку можноста да влијаам на развојот на Велес и создавање на нови дела за Велес. Политичката кариера  не смее да биде груба борба за власт, туку можност да се служи на граѓаните. Со моето досегашно искуство сметам дека сум докажан борец за Велес и дека допрва ќе го дадам најдоброто за овој град. Велес е град со револуционерно минато, дом на македонскиот бит, вруток на македонскиот непокор, Велес е град – победник. Јас растев во Велес. Тој е мојот дом. Овде се и моите пријатели, другари, моето семејство, мојата судбина. Затоа се решив на овој предизвик! Време е на Велес, на градот кој се грижи за нас и не љуби да му возвратиме со љубов. Влегувам во трката за прв човек на Велес без валкани раце, со чист образ, без афери и ниту дамка во својата кариера. 

Кои се капиталните проекти  за Велес кој ги планирате?

За граѓаните на Велес важен е секој сегмент, а мене ми исто така важно граѓаните да бидат среќни. Ако на некому му прави разлика една единствена улица, тогаш таа и за мене станува приоритет. Сепак во нашата програма која внимателно и грижливо ја работевме неколку месеци издвоивме неколку клучни проекти кои се однесуваат на најголемиот дел на граѓани на Велес, на пример:
Нов режим на сообраќај со кружно текови и со семафори, како и решавање на партерното паркирање, изградба на индустриска зона во село Караслари, реконструкција на локален пат јазла (м-5) кај с. Иванковци во должина 5000 метри, довршување на проектот за изградба на нов објект наменет за потребите на театарот „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“, реконструкција на ОСУ „Кочо Рацин“, изградба на еден двоен терен за тенис, изградба на затворен пазар и на Трговски центар, туристички локалитет езеро Младост, реконструкција на Градски стадион, нов парк и паркинг- простор на потегот Мало мовче – Стар мост. Овие проекти кои ги наведов се оние кои ние ги сметаме за приоритет и од кои велешани на подолг период ќе имаат најголем бенефит, но тоа секако не значи дека тоа е се што ќе направиме во следните четири години. Во нашата програма наведуваме стотина проекти кои со сигурност ќе ги оствариме, но исто така сум сигурен дека ќе има многу проекти кои не ги ветуваме  а ќе ги оствариме. Тоа е разликата помеѓу нас и СДСМ.

Левата или десната страна на градот, нискиот дел центарот или високите делови?

Интересно прашање, особено ако се има предвид работењето на претходните градоначалници. Но овде морам да го нагласам моето убедување дека Велес не е само на едната или на другата страна од Вардар, исто како што не е само во центарот или на високите делови. Велес е една целина и доколку го гледате како еден дел и доколку работите на само еден дел од него вие ја убивате неговата душа. Како што многупати велам Велес е распослан од Прцорек до Превалец, од Речани до Мегдан, од Иванковци до Раштани, па токму таму и ќе биде насочено моето внимание.

Која е листата на приоритети за време на првата година што ќе ги работи ако стане градоначалник?

Веднаш по изборната победа како администрација и како тим, ќе немаме време за  славје, зашто не чека многу работа. Имено прв проект со кој ќе започнеме е воведување на нов режим на сообраќај  со кружни текови и семафори, како и решавање на партерното паркирање.За непречено комуницирање на граѓаните ќе изградиме и пешачки мост кој ќе ги поврзува регионот на Жаба-зграда и зградата на Општина. Наш приоритет ќе биде и зачувувањето на приматот на Велес како лулка на културата во Македонија, па поради тоа бројни ќе бидат и нашите инвестиции во културата. Прв од нив ќе биде довршување на проектот за изградба на нов објект во Велес наменет за потребите на театарот „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ .Ќе го решиме и водоснабдувањето на индустриската зона „Речани 2“, како и реконструкција на водоводните линии кон Превалец и Оризари .Ние сме свесни дека потенцијалите на Велес не се докрај искористени, па затоа ќе инвестираме во туристички локалите „Езеро Младост“ од кој главен бенефит ќе имаат граѓаните на Велес. Мој приоритет исто така ќе биде активирањето на сите креативни интелектуалци во Велес преку формирањето на градски совети за Стопански развој, Култура, Урбанизам и Спорт и млади. Наша заедничка определба ќе биде креирање на еден поубав град за сите.  За младите, приоритет е постојаната поврзаност со светот. Интернет конекцијата е клучна за навремен и брз пристап до информациите, па токму затоа ќе инвестираме во проширување и подобрување на постојните слободни интернет зони. Имаме уште многу предвидени проекти за првата година, како што се асфалтирање на бројни улици, инвестирање во водоводна мрежа и фекална канализација, проекти кои ги сметам за тековни и задолжителни. Но исто така нема да се ограничуваме само на ова што ветуваме, секогаш кога ќе имаме можност и средства, ќе инвестираме во работи кои не сме ги ветиле а се приоритет на граѓаните на Велес.

Што планира со просторот со кој локалната самоуправа го поседува добиен по судски пат?


За нас е многу важно да се направи брзо реактивирање на објектите кои поради имотно -правни спорови биле нефункционални. Имајќи ги предвид, потребите на граѓаните, ние изготвивме проекти со кои за кратко време повторно ќе ги ставиме во функција на Велес и велешани затворените објекти како што е киното, офицерскиот дом и други. Само за пример би нагласил дека во зградата на поранешното кино, планираме отворање на Центар за култура кои би ги обединувал сите културни гранки во Велес и би претставувал стожер на културното живеење на градот. Од друга страна пак, за поранешниот офицерски дом, имаме проект со кој истиот би го преадаптирале во репрезентативен центар на Велес, место кое ќе биде симбол на топло добредојде за сите гости -намерници во градот.

Колку е задоволен од работата на службите во локалната самоуправа, дали тие се во функција на граѓаните?

Долго време сум инволвиран во работата на локалната самоуправа како Претседател на Советот и познат ми е речиси секој помал и поголем проблем на велешани. Сметам дека досегашната работа на локалната самоуправа беше доста посветена на решавање на постојните проблеми, но морам да нагласам дека секогаш постои можност за унапредување на тој квалитет. Токму тоа ќе се обидеме да го направиме во  следниот период. Ќе ја збогатиме администрацијата со млади и способни кадри кои ќе внесат свежи сили и идеи и ќе ја направат Општина Велес – општина за гордеење.

Ќе има ли примен ден за граѓаните?

Секако дека ќе има приемен ден за граѓаните. Тие се најважни за успешно функционирање на Општината во целост. Нивните забелешки, примедби, идеи се клучни за нас и за градот. Првата замисла е приемен ден кај градоначалникот да биде секој втор четврток, но постои можноста, доколку се појави потреба тие средби да станат почести.

За крај од овој портрет на кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев, тој на гласачите им порача:

Ги повикувам сите кои го сакаат Велес да ни се придружат. Ние велешаните мора да бидеме сплотени и да работиме заедно. Затоа што само со работа можат да се постигнат целите, само со работа може да успееме! Да чекориме, да размислуваме и да дејствуваме заедно!

платен политички простор

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »