Петар Печков
Објавено: петок, 26 август 2011
Двеста литри сладолед се изедоа на четвртата ,,Сладоледијада,, која изминатиот викенд се одржа во Велес. Врвулица од народ кои сакаа да вкусат од ова млечно ледено освежување но и да видат што се може да се направи од него. Манифестацијата беше организирана со цел да се промовираат вештините на жената за дизајнирање на овој летен специјалитет, но и да се натпреваруваат во декорирање на сладолед.
Него го имаше во неограничени количини и за натпреварувачките и за јадење за гостите. Во натпреварот учествуваа шест жени кои сладоледот на сите можни начини го користеа, преку нивната имагинација. Се употребуваше овошен, чоколаден, стандарден- ванила. Додека за останатите вештини на подготовка на храна, дома во кујната треба време, овде тоа го имаа многу малку и е ограничено. Не поради правилата, туку поради временските услови, температурите.
Поради жештината учесничките мораа се да подготват и сервираат за десетина минута. Условите беа такви, што натпреварувачките не можеа да користат ниту замрзнати декоративни фигури, бидејќи на базенот нема такви фрижидери. Беше многу топло, жешко и затоа сум задоволна од прикажаната умешност на жените учеснички. Сакаме ова натпреварување да го направиме републичко, бидејќи сме единствени во Македонија и за него да доаѓаат гости од целата земја. Годинава за прв пат имавме натпреварувачка и посетители од Скопје, кои дознале за ,,Сладоледијадата,, па очекувам дека до година ќе има многу повеќе. Како што е питијадата во зимно посетена, така и ова а манифестација да биде белег на градот во лето - вели Рајна Стојанова претседател на граѓанското здружение за мултикултурни женски активности ,,Креација 2009,, .
Спонзор на манифестацијата е фирмата ,,Милина,, од Прилеп, производител на сладолед. Се организира по четврти пат и се одржа на базен ,,Снупи,, имаше 150 гости плус капачите на базенот кои сите јадеа сладолед додека можат. Учествуваа шест натпреварувачки кои сами се пријавуваат, за учество нема никакво ограничување или партиципација, но затоа сакаат да ја покажат нивната умешност и креативност. Мексиканци, фонтани од мраз, полнети лубеници и ананас, ражниќи и увијачи но место со месо, со грозје и овошје, сето ова беше подготвено од вештите раце а бргу, бргу го снема. Сладоледот се комбинираше со сезонско овошје, па чиниите беа прекрасни за гледање и уште повкусни за јадење. Вистински спектар од бои и вкусови. Победникот беше решен со гласање од страна на присутните, не по вкус, туку по изглед.
Подготвив чинија од лубеница полна со сезонско овошје и разни видови сладолед и со зашеќерени рози. Сладоледот е најтежок за декорација, бидејќи не остава можност за избор бидејќи бргу се топи. Драго ми е што има и ваква манифестација во градот, каде можеме да ги покажеме нашите умешности. Сметам дека ова е уметност. Треба да се знае дека е предрасуда , сладоледот повеќе го сакаат децата, тоа не е точно, и возрасните подеднакво сакаат да јадат сладо9дле во лето - вели Катерина Клинчарова победник на годишнава сладоледија.
Таа како награда доби бесплатен викенд, кои што здружението во текот на годината го организира а таа да си избере каде и кога сака да патува. Впечатоците од овој настан членките на ова невладина организација ,,Креација 2009,, ќе си ги раскажат овој викенд, кога ќе заминат на дводневен престој на Рила во соседна Бугарија.
Tweet |