Петар Печков
Објавено: вторник, 14 декември 2021
Сланата и мразот, кои паднаа пролетва, на 8-ми и 9-ти април годинава на површините од општина Градско, причиниле штети од 143 милиони денари. Ова е проценката која ја направила Комисијата за проценка на штети а на седница ја прифати Советот на општина Градско.
До оваа комисија пристигнале 106 пријави, сите од физички лица за измрзнување на родот од мраз, слана, сињак. Штетите биле констатирани кај кајсија, праска, круша, слива, бадем,. јаболка, цреша и грозје, а регистрирани во Градско, Виничани, Ногаевци, Уланци, Кочилари.
Елаборатот за проценета штета од измрзнувањето што зафатија дел од територијата на Општина Градско на 8-ми април 2021 година е испратен до Генералниот секретаријат на Владата, Републичката комисија за проценка на штети од природни непогоди и други несреќи, Министерството за финансии и Државниот завод за статистика. со предлог за целосно или делумно обесштетување.
Tweet |