Петар Печков
Објавено: четврток, 16 септември 2021
Сланата и мразот, кои паднаa пролетва на 8-ми и 9-ти април годинава во велешко, причиниле штети од 8,6 милиони денари. Ова е проценката која ја направи Комисијата за проценка на штети а на седница ја прифати Советот на општина Велес.
До оваа комисија пристигнале седум пријави за измрзнување на родот од мраз, слана, сињак. Штетите биле констатирани кај мигдали, круши, кајсии и праски, а регистрирани во Велес, Згрополци, Караслари, Раштани и Црквино.
Елаборатот за проценета штета од измрзнувањето што зафатија дел од територијата на Општина Велес на 8-ми април 2021 година е испратен до Генералниот секретаријат на Владата, Републичката комисија за проценка на штети од природни непогоди и други несреќи, Министерството за финансии и Државниот завод за статистика. со предлог за целосно или делумно обесштетување.
Tweet |