речник контакт

Следните денови вистински температурен пекол во Велес

Велес, заедно со Скопје, Куманово, Гевгелија и Кавадарци следните шест дена ќе биде вистински пекол, предизвикан од високите температури. Да не се пие алкохол и кофеински напитоци, да се носи светла облека и заштитете се со крема.

Петар Печков

Да се избегнува директен престој на Сонце, какви било напорни активности, да се престојува во затворени простории, пред се климатизирани, да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и  капа, да се внесуваат помали количества храна, а повеќе течности, да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, се дел од основните мерки кои се препорачуваат за заштита од високите температури кои од утре ќе зафатат делови од Македонија, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата за климатски промени и здравје при Министерството  одржа работна средба на која беа разгледани  добиените информации од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи според кои, од утре до средината на наредната недела дел од Македонија ќе биде зафатен со топлотен бран со високи температури и тоа во регионите на Скопје, Куманово, Велес, Гевгелија и Каварадрци.

Мерките за намалување на ризиците од високите температури  ги препорачуваат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Македонија во согласност со Акцискиот план за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови кои се однесуваат на фаза еден од овој план, односно за таканаречената „жолта фаза“.

Се препорачува при привремено излегување од возилото  да се отвори прозорецот за да се овозможи вентилација и да се не остава никого во автомобилот, заедно со редовната медикаментозна терапија, посебно дисциплинирани треба да бидат хроничните болни, особено оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробните болести и за сите промени во здравствената состојба задолжително да се консултира матичен доктор, а почесто во денот да се проветруваат просториите.  

Покрај тоа, се предлагаат и основни мерки за заштита од УВ зрачењето кои опфаќаат задолжителна заштита од УВ зраците со носење капа, очила за сонце, користење креми за сончање со висок заштитен фактор над 30  и носење лесна, светла и комфорна облека.

Во рамки на напорите за спречување на труење со храна и појава на цревни заразни заболувања се препорачува задолжително миење на земјоделските - градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката и  да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »