Петар Печков
Објавено: сабота, 19 ноември 2016
Сликата „Стог сено“ дел од серијата слики на францускиот сликар Клод Моне, продадена е за рекордни 81,4 милиони долари на аукција во Њујорк, организирана од аукциската куќа „Кристи“.
Конечната цена речиси двојно ја надмина почетната проценка од 45 милиони долари. Аукцијата траеше 15 минути, што е невобичаено за продажба на таков формат.
„Стог сено“ е дел од серијата што Моне ја насликал во зимата 1890/1891 во својата куќа во Нормандија.
Претходниот рекорд е поставен во јуни 2008 година кога сликата „Езеро на водени кринови“ е продадена за 80,4 милиони долари на аукција во Лондон.
Tweet |