речник контакт

Словенец го измамил Делта пром за девет милиони денари

По зделкатa, Словенецот со парите побегнал од Македонија

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.З., државјанин на Р. Словенија, управител на Друштво за трговија „Гантекс“ ДООЕЛ Скопје за сторено кривично дело „измама“.

Во септември 2008 година, од страна на пријавениот бил склучен договор со „Делта Пром“ од Велес за изградба на станбена зграда во Скопје,  при што нарачателот ветувал дека  со продажбата на становите од објектот ќе  го исплати договорениот износ за изведба на градежните  работи.

Со лажно прикажување на факти го довел во заблуда претставникот на „Делта Пром“, но наместо да му ги даде парите, Словенецот  И.З. со дел од паричните средства добиени од продажбата на становите го вратил кредитот земен од НЛБ Тутунска банка, по што ја напуштил државата, оштетувајќи го „Делта Пром“ во износ од 8.959.390 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »