Петар Печков
Објавено: петок, 21 август 2015
Локалната власт набави опрема за брза интервенција при несреќни случаи. Истата ќе се користи во случај на поплави и се состои од два гумени чамци, мотор и придружна опрема.
Со неа ќе раководат пожарникарите од Територијалната противпожарна единица а дел од неа се и спасителите на Општинскиот Црвен Крст.
Формирањето на ваква служба е законска обврска на општините. Велешката постои со одлука на Кризниот штаб, добро е обучена и можат да реагираат доколку за тоа постои потреба. Сега ги обезбедивме и со дел од неопходната опрема - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Вредноста на набавената опрема е околу 330 илјади денари истите се обезбедени од општинскиот Буџет. Со набавената опрема ќе може да се интервенира во случај на поплави, кои последните години се чести во велешко.
Tweet |