Петар Печков
Објавено: среда, 12 јуни 2013
ТРМР дојде до документ стар 70 и кусур години, каде се гледа дека тогашното црковно знаме од Велес е идентично со сегашното знаме на општината. Знамето на општина Велес и некогашното на Православното немесништво во Велес се идентични. Ова го покажуваат овие две фотографии, едната од постојното знаме и втората од 1940-та година. На неа е документ од одбележувањето на 100 годишнината од изградбата на црквата Св. Пантелејмон.
Убаво се гледа дека знамето е идентично горе црвено, доле сино, единствено е различна шарата во срединета, сега грбот на градот тогаш грбот на црквата. Оваа фотографија е од документ со кој мусе искажува благодарност на Александар Левков, сопственикот на фабриката Вила Зора затоа што бил главен спонзор на овој голем јубилеј. Фотографијата е документ во сопственост на Виктор Левков.
Само за потсетување дека знамето на општина Велес е донесено 2004-та и е во две бои - црвена и сина, хоризонтално поставени. Црвената боја е симбол на револуционерното минато на Велес, а сината на слободата и европската ориентација на велешани. Во централниот дел на знамето е сместен грбот на Велес.
Tweet |