Петар Печков
Објавено: четврток, 01 март 2012
Советот на општина Велес донесе одлука сметот кој граѓаните и правните лица (при вршење на комерцијални, занаетчиски, услужни и административни активности) што го фрлаат, да се собира во текот на ноќните часови.
Во текот на изминатата година пробно се работело во ноќните часови од 22 до 5, со цел да се утврдат ефектите од ваквиот начин на собирање на отпадот.
По една година работа ЈКП Дервен ги констатира следните резултати:
-во претпладневните часови нема веќе преполни садови за отпад;
-просторот околу контејнерите е чист;
-избегнат е метежот во сообраќајот кој во претпладневните часови е густ;
-времетраењето на собирањето на отпадот е намалено со што е зголемена и ефективноста во работењето;
-намалени се трошоците за гориво споредено со количината на собран отпад;
-нема поплаки од страна на граѓаните за преполни контејнери кои шират непријатна миризба;
-градот е видно почист.
Со оваа одлука, советниците сметаат дека ќе се постигне побрза и поквалитетна услуга на граѓаните, а со тоа би се подобрила и јавната чистота во градот. Истата ќе се спроведе во две етапи, во првиот дел улиците од рамниот дел на градот, додека во вториот од високите делови на Велес.
Tweet |