Петар Печков
Објавено: вторник, 26 март 2013
Велешките комуналци од почетокот на следниот месец сметот ќе го собираат само во ноќните часови. ЈКП Дервен од 1ви Април годинава започнува со ноќно собирање на смет низ целиот град. Ова следува по добрите резултати од минатогодишното пробно собирање на сметот во централното градско подрачје.
Во пракса се покажа дека со оваа новина се намалува застојот во сообраќајот во раните утрински часови кој претходно се создаваше поради големината на возилото за собирање на смет. Собирањето е поефективно бидејќи се извршува многу побрзо. Наутро контејнерите се чисти и изгледот на градот е многу подобар – велат од ЈКЈП Дервен.
Сметот ќе се собира со истата динамика како и досега само неколку часови порано од претходно. Ако досега, според распоредот, сметот се изнесувал во понеделник наутро, отсега тоа ќе треба да се прави во недела навечер. Од април стартуваат и летните термини, граѓаните ќе треба сметот да го изнесуваат во периодот помеѓу 20:00 и 21:00 часот, а не како досега помеѓу 18:00 и 19:00 часот. За подобра информираност на граѓаните околу новините во работењето на комуналците, со сметките за вода корисниците ќе добијат и флаер на кој ќе им бидат објаснети сите детали и новините во собирањето на сметот.
Tweet |