Петар Печков
Објавено: среда, 13 јуни 2007
Александар Солев застана молкум пред смртната постела на неговиот брат Кочо Рацин, која за прв пат е пред очите на јавноста. По 65 години во родната куќа на поетот се поставени облеката, чевлите во кој бил облечен и перницата и постелата со кој бил транспортиран смртно ранетиот Рацин.
- Сум слушнал дека овие работи се чуваа, но не знаев дека сега се претставени на јавноста. Мајка ми сама замина на Лопушник кога Кочо го застрелаа, не верувам дена ни брат ми Коле знае дека овие работи се сочувани. Ние бевме присутни кога коските му ги пренесуваа во Спомен костурницата. По кажувањата на мајка ми, Кочо имаше златен заб и по тоа ја познав тогаш неговата глава - вели седумдесет и седум годишниот Александар.
Тој повеќе години не бил во родниот дом, која сега е спомен куќа. Семејството на Рацин пред три години беше навредено кога во поставката ја виде сликата на Страхил Гигов. Во обновената куќа и новата поставка, прва по 45 години, нема повеќе идеологија, туку акцент се става на творештвото на авторот.
Добитникот на Почесното Рациново признание српскиот автор д-р Мирољуб Стојановиќ, во неговата беседа рече дека по Болен Дојчин, Крале Марко Коста Солев е третата најзначајна личност на Македонија.
Отварањето на обновената куќа на Рацин беше во рамките на 44-те Рацинови средби, на кој Коле Чашуле го доби највиското Рациново признание, статуетка со негов лик и парична награда од 30 илјади денари.

Tweet |