Петар Печков
Објавено: среда, 29 април 2020
Смртта на Катица и Ванчо Маноилови предизвикува дилеми и недоумици, по изјавите кои доаѓаат од надлежните за случајот. Мајката и синот беа пронајдени мртви во нивниот стан на 6-ти април, на улица Ѓорѓи Војтех бр.4. И додека од Институтот за судска медеицина велат дека се починати три до пет седмици од денот на нивното пронаоѓање, од МВР пласираат различни информации. Вчера министерот Чулев а денес и на прес конференција, одржана во Велес, се слушнаа податоци кои се различни од досега слушнатите.
Извршен бил увид на местото на настанот, при што, од соседите се добиени oперативни сознанија дека, последен пат се видени во првата половина на месец јануари. Имаме известување од „Електродистрибуција“ Велес дека, на броило од нивниот стан последен пат е регистрирана потрошувачка на електрична енергија во месец средината на јануари - кажа Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Броилото за струја во натамошниот период, наредните месеци покажувало потрошувачка, но адекватна на вклучен фрижидер, замрзнувач, телевизор во стенд бај, вклучена термо печка на единица.
На прашањето дали и што покажале бројките од водомерот, повиците од телефонските листинзи, Додевски кажа дека тие податоци полиција ги немала и биле во обвинителството.
За сите други информации надлежно е ОЈО Велес и упатувам таму да се обратите - рече Додевски.
Првиот човек на Институтот за Судска медицина, Александар Станков вели времето на смрт исклучиво го одредува специјалист по судска медицина.
Дефинитивно стоиме зад наодот дека смртта е настаната 3 – 5 недели пред моментот на наоѓање. Тоа е одредено врз основа на промените на телото и состојбата на внатрешните органи. Единствено валидни се промените на телото, состојбата на органите и амбиенталните услови во кои се најдени телата. Времето на смрт го одредува исклучиво специјалист по судска медицина - изјави за дел од медиумите Александар Станковски директор на Институт за судска медицина.
По смртта на мајката и синот, Институтот за судска медицина констатираше дека мајката Катица починала од ковид-19, синот Ванчо бил негативен. Првично беше дека се починати во средината на јануари за потоа Судска медицина констатира дека тоа се случило три до пет седмици од пронаоѓањето на телата.
Контраверзите за овој случај продолжија откако беше објавено дека вработен во СВР Велес кој бил на увид кај мајката и синот, беше позитивен на ковид-19.
Tweet |