речник контакт

Снежана Петрова Џамбазова ја промовираше новата книга поезија

„Не ми е стр(а)в“ е насловот на третата книга поезија од авторката наменета за возрасни

Петар Печков

Велешката авторка Снежана Петрова Џамбазова ја промовираше нејзината нова книга поезија, насловена „Не ми е стр(а)в“. Тоа е нејзина четврта книга за поезија  за возрасни и има издадена една за деца.

„Мотивот, инспирацијата за стиховите се од секојдневниот живот, љубовта, патриотските чувства“ – рече Петрова Џамбазова.

Таа работи во Институтот по македонски јазик таа е дипломирала на катедрата по македонски јазик при Филолошкиот факултет во Скопје. Таа е автор на култната книга „Така се зборува во Велес“, труд издаден 2007 година.И ма докторирано 2016 година.

„Во овој ракопис се преплетуваат јазичните експертизи за анализи и поетското пеење и мислење на авторката, во која таа не пречекува со игра уште во насловот Не ми е стр(а)в“ – кажа промоторот проф. д-р Владимир Мартиновски,

Книгата беше промовирана во медиотеката од  Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, дел од содржините на  манифестацијата „Велешко лето“.

фото Локална библиотека Гоце Делчев Велес

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »