речник контакт

Со освоено 4 место, пингпонгарите на ППК Борец ТИМ го завршија првенство на Првата лига

Изминатиот викенд одиграа четри натпревари, славеа два пати, поразени се исто така два пати

Петар Печков

Две победи и два порази е билансот на пингпонгарите на ППК Борец ТИМ во последните четири кола, кои се одржаа изминатиот викенд. Велешани во Првата лига славеа над Берово 2 со 1:4  и Дебар Маало со 4:2 , кои беа 5-ти и 7-ми од 8 екипи.

Загубија од составот на Рисови  кои се трети со 4:2 и од првакот Астраион од Струмица со тесно 4:3 а лесно можеше да се случи првакот  да загуби. Во тесен и израмнет натпревар, струмичани на крајот се радуваа.

Со овие четири кола, кои се играа по две во сабота и две неделата,заврши првенството на Првата лига а составот на ППК Борец ТИМ го освои одличното 4 место од 10 екипи, при тоа две се откажаа во текот на настапите, за табелата да е со осум екипи. Во билансот имаат 8 победи и 6 порази и 22 бода.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »