речник контакт

Со 30 илјади евра и 50 нови контејнери за почист град од пластична пет амбалажа

Глобалниот еколошки фонд во партнерство со ЕД „Вила зора“ и Општина Велес ќе ја подига свеста за рециклирање на отпадот

Петар Печков

Еколошкото друштво ,,Вила Зора,, и  Општина Велес добија  30 илјади евра, со нив ќе се набават пластични контејнери за собирање на пластичната пет амбалажа. Средствата се обезбедени со проект на ЕД Виза Зора  од  Глобалниот еколошки фонд.

Пластичните контејнери  се со запремнина од 1,1 м3 и се наменети за селекција за собирање на ПЕТ амбалажа. Проектот предвидува и кампања во општинските институции, особено во училиштата  за учениците, за подигање на јавната свест за рециклирање на отпадот. 

Со проектот ќе се набават  50 контејнери за собирање и селектирање ПЕТ пластика, кои ќе бидат поставени во училиштата во градот, како и во рестораните, јавни површини во кои ќе се собира и селектира отпадот. Преку кампањата во училиштата и медиуми да се подигне јавната свест кај населението.  Ќе има акции за собирање ПЕТ амбалажа во училиштата, кои ќе бидат од натпреварувачки карактер, односно она училиште кое ќе собере најмногу пластика месечно, ќе добие  пригодна наменска награда - изјавија од ЕД Вила Зора. 

За реализација на овој проект Општина Велес учествува со 100.000 денари. Планирано е учениците ќе бидат тие што ќе бидат вклучени во собирањето и селектирањето пластика, како во едукацијата на учениците. Мотото на акцијата ќе биде ,,Повеќе собран ПЕТ отпад, помалку ПЕТ амбалажа на улиците и на јавните површи,,.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »