Петар Печков
Објавено: четврток, 01 декември 2011
Повардарието изобилува со можности за користење на обновливата енергија, сонцето и ветерот ги има во многу денови преку годината. Поради ова Вардарскиот плански регион во соработка со Украинската академија на Науките изготви физибилити студија, како таа да се искористи. Изработени се три проекти, за три локации, каде енергијата може максимално да се искористи.
Нашите истражувања покажаа дека енергијата на сонцето и ветерот може да се искористи за три објекти во овој дел од Централана Македонија. Тоа се основните училишта во Лозово и Чашка и спортската сала во Велес. Важно е што овие проекти ќе бидат интегрирани на начин што преку нив учениците во овие две училишта, ќе можат да ги користат на наставата по физика - вели д-р Јуреј Фаворски од Институтот за обновлива енергија.
Во ОУ Тодор Јанев во Чашка ќе може да се искористи сончевата енергија за загревање, исто како и спортската сала ,,Гемиџии, во Велес каде од сончевата енергија ќе може да се користи за загревање на топла вода и ОУ Методија Митевски Брицо во населба Лозово каде е можна комбинирана инсталација со ветер и сонце за затоплување на просториите.
Важни се и финансиските конструкции кои украинските експерти ќе ги понудат, бидејќи со овие проекти како целина ќе конкурираме пред фондовите на ЕУ. Бидејќи станува збор за чисти технологии, со таков тип може да се конкурира секаде, пред сите донатори. Ова ни е важен проект бидејќи со него локалните власти можат да го темелат нивниот развој на сопствените обновливи ресурси – вели Алексндар Бузалков раководител на Вардарскиот Плански регион. Во училиштето во Чашка настава посетуваат 200 ученика, во Лозово 220 а салата Гемиџии во Велес има капацитет од три илјади посетители.
Tweet |